Во рускиот град Анапа вчера започна изградбата на рускиот коридор за пренос на гас до Јужна Европа, популарно наречен Јужен тек. За вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески, кој на официјална покана од Руската Федерација и заедно со високи државници од сите земји што учествуваат во проектот, присуствуваше на свеченото одбележување на изградбата на гасоводот, истакна дека Јужен тек" е значаен момент за Европа, но и за Република Македонија. Задоволен сум што успеавме во напорите, што нашите залагања родија плод и Македонија е вклучена во овој проект уште од самиот почеток заедно со другите земји - истакна Ставрески. Тој посочи дека со влегувањето на Македонија во овој проект ќе се обезбеди стабилно снабдување со гас, но, исто така, ќе се обезбеди и енергетската иднина на нашата земја.
Во рускиот град Анапа вчера започна изградбата на рускиот коридор за пренос на гас до Јужна Европа, популарно наречен Јужен тек.
За вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески, кој на официјална покана од Руската Федерација и заедно со високи државници од сите земји што учествуваат во проектот, присуствуваше на свеченото одбележување на изградбата на гасоводот, истакна дека Јужен тек" е значаен момент за Европа, но и за Република Македонија.
- Задоволен сум што успеавме во напорите, што нашите залагања родија плод и Македонија е вклучена во овој проект уште од самиот почеток заедно со другите земји - истакна Ставрески.
Тој посочи дека со влегувањето на Македонија во овој проект ќе се обезбеди стабилно снабдување со гас, но, исто така, ќе се обезбеди и енергетската иднина на нашата земја.
- Она што е за нас значајно е тоа што со овој проект ќе обезбедиме стабилно снабдување со гас. Наместо сегашната цевка која има помал капацитет, ќе се овозможи поголем капацитет, односно поголема понуда на гас. Ова е значајно за иднината, за следните 30 до 40 години сигурно снабдување со гас за сите стопански капацитети, но и за домаќинствата. Република Македонија со ова ја обезбедува својата енергетска иднина, обезбедува стабилно снабдување со енергенс и е вклучена во главниот меѓународен коридор на гас кој ќе ја обезбедува цела Европа - рече Ставрески.
Тој додаде дека економските придобивки од Јужен тек" за Македонија се многукратни. Со тоа што ќе се обезбеди снабдување со гас во рамките на овој меѓународен коридор во иднина ќе се задоволат сите потреби на земјата за нови стопански капацитети, нови енергетски капацитети, изградба на нови гасни електрани и слично, но и изградба на гасоводна мрежа до сите градови во Република Македонија.
- Ќе бидеме сигурни дека имаме обезбедено доволна количина на гас, а со набавката на поголеми количини ќе можеме да го добиеме и по подобра цена. Ја обезбедуваме енергетската иднина на државата со еден квалитетен и евтин енергенс потенција Ставрески.
На церемонијата, на која се обрати и претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, како и претседателот на рускиот гигант Газпромм, Алексеј Милер, официјално се одбележи почетокот на градбата на Јужен тек". Рускиот гас кон Централна и Јужна Европа ќе протече во 2015 година. Капацитетот на гасоводот е 63 милијарди кубни метри годишно или 14% од вкупните потреби на Европа. Македонија со добивањето на нацрт-спогодбата од Руската Федерација во јули годинава, официјално влезе во проектот Јужен тек".